ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА И АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕН 29 СТАВ 2 ТОЧКА 4 ОД ЗАКОНОТ

Со Одлуката на Уставниот суд од 18.12.2018 година, објавена во „Службен Весник на РМ“ број 239/2018 на ден 25.12.2018 година, СЕ УКИНУВА член 29 став 2 точка 5 од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 6/2016, 30/2016, 61/2016, 64/2018 и 120/2018), односно СЕ УКИНУВА точката во која беше уредено дека трговско друштво не можат да основаат содружниците, управителите и членовите на органот на управување и органот на надзор на друштвата за кои согласно со членот 552-б од Законот за трговските друштва е започната постапка за бришење додека трае таа постапка и во период од три години од денот на објавата на бришењето на друштвото на веб-страницата на Централниот регистар, освен основачите, односно содружниците кои се меѓународни финансиски организации чија членка е Република Македонија и чие учество во основната главнина на друштвото е под 50%.

Во однос на Автентичното толкување на членот 29 став 2 точка 4 од Законот за трговските друштва дадено на ден 24.10.2018 година од страна на Собранието на РМ, а објавено во „Службен Весник на РМ“ број 195/2018 на ден 25.10.2018 година, со исправка објавена во „Службен весник на РМ” бр.225 од 10.12.2018 година, Собранието даде толкување дека точката во која е уредено дека трговско друштво не може да основа лице кое е содружник во друштво со ограничена одговорност (ДОО) или во друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ) чија сметка е блокирана додека трае блокадата на сметката на друштвото или додека над друштвото не се отвори постапка за ликвидација или стечај; треба да се толкува така што, забраната за лице кое е содружник во друштво со ограничена одговорност (ДОО) или во друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ), чија сметка е блокирана, додека трае блокадата на сметката на друштвото или додека над друштвото не се отвори постапка за ликвидација или стечај, се однесува единствено за основање трговско друштво, а не и за стекнување влог во веќе основано т.е. постоечко друштво. 

Доколку Ви се потребни дополнителни информации и консултации во врска со објавеното, слободно контактирајте не тука.

Извор на објавени прописи: www.slvesnik.com.mk

Share via:

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *