АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 25 СТАВ (1) ТОЧКА 10) ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

Во Службениот Весник на Република Северна Македонија број 96/19 од 17.05.2019 година е објавено Автентично толкување на членот 25 став 1 точка 10 од Законот за даноците на имот.

Имено, членот 25 став 1 од Законот за даноците на имот, гласи:

„Данок на промет на недвижности не се плаќа: 

1) на прометот на недвижности во постапката на експропријација; 

2) кога странско дипломатско, односно конзуларно претставништво го пренесува правото на сопственост на недвижности, под услов на реципроцитет; 

3) кога правото на сопственост се пренесува заради намирување на обврските по основа на јавни приходи во постапката за присилна наплата; 

4) на прометот на недвижности меѓу државни органи, меѓу државни органи и општините и меѓу општините; 

5) на прометот на недвижности во постапката на конфискација; 

6) на прометот на станови во општествена сопственост, доколку во купопродажниот договор не е уредено чија е обврската за плаќање на данокот; 

7) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на државни органи заради наплата на побарувања во стечајни и извршни постапки; 

8) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на давателот на доживотното издржување кој во однос на примателот на издржувањето се наоѓа во прв наследен ред и тоа само за делот на недвижноста кој би го наследил според Законот за наследување и без давање на издршката; 

9) на првиот промет на станбени згради и станови кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата на кој е пресметан данок на додадена вредност; 

10) при вложување на недвижности во капиталот на трговските друштва; 

11) на тргувањето со хартии од вредност, во смисла на Законот за хартии од вредност и 

12) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на банките како доверители, заради наплата на парично побарување, доколку во рок од три години го продадат стекнатиот имот.“.

Согласно даденото Автентично толкување, одредбата од членот 25 став (1) точка 10) од Законот за даноците на имот треба да се толкува, така што, кога се спроведува статусна промена како присоединување, спојување и поделба на друштвата со која се врши и пренос на имот (недвижност) во капиталот на друштвата, се смета за вложување на недвижности во капиталoт на трговските друштва со што даночните обврзници се ослободени од плаќање на данок на промет на недвижност.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации и консултации во врска со објавеното, слободно контактирајте не тука.

Извор на објавени прописи: www.slvesnik.com.mk

Share via:

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *