ПРИЧИНИ ДА СЕ ИЗБЕРЕ АДВОКАТСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА НА АДВОКАТ НАТАША ПАПАЗ?
Една од причините поради кои Адвокатската канцеларија на Адвокат Наташа Папаз треба да биде Вашиот избор е тоа што ние работиме напорно за нашите клиенти и градиме професионален секојдневен однос со нив, со цел да се разберат нивните специфични потреби и цели. Имајќи предвид дека изборот на вистинскиот адвокат може да направи голема разлика во исходот на вашиот случај, нашата канцеларија нуди широк спектар на правни услуги со цел квалитетно, стручно и експедитивно да одговори на потребите на сите клиенти. Исто така, нашата адвокатска канцеларија е овластен застапник на правата од Индустриската сопственост.
ОСНОВАЧ
Адвокат Наташа Папаз (претходно Атанасовска) од Скопје правното образование го стекнува во Република Македонија и тоа со почеток во 2006-та година со уписот на правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. По дипломирањето во Јуни 2009 година, образованието го продолжува на мастер студии, исто така на Правниот факултет „Јустинијан Први“,…
16 годишно искуство
Дефинирање на успехот
АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА ПАПАЗ обезбедува правни услуги од сите области на правото, по барање на своите клиенти, меѓу кои и:
ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Правни мислења и новости
НОВ ЗАКОН ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА
НОВ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
НАМАЛУВАЊЕ НА СУДСКА ТАКСА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
НОВА УРЕДБА за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено – економската криза од вирусот COVID- 19 за исплата на плата за месеците април и мај – 2020 година
ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗДРАВСТВЕНО – ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ COVID-19 ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ И АПРИЛ 2020
СЛУЧАИ ВО КОИ ПОСТОЈАТ ОБВРСКИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ДОБИЕНИ КАКО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ И АПРИЛ 2020 СО МЕРКИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗДРАВСТВЕНО – ЕКОНОМСКАТА КРИЗА
АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНOТ 21 СТАВ (1) ТОЧКА 4) ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
ДОПОЛНУВАЊА И ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА
НОВ ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
ДОНЕСЕН И СТАПЕН ВО СИЛА ЗАКОНОТ ЗА ПРАКТИКАНСТВО
Наши Задоволни Соработници И Клиенти!
A.М., клиент од Скопје, новинар: Наташа и нејзиниот тим беа во можност брзо и ефикасно да го решат проблемот и покрај фактот што повеќето работи не зависеа токму од нив. Наташа беше отворена, искрена и во целата постапка ни ја кажуваше само вистината за тоа што можеме да очекуваме и што можеме да добиеме на крајот од постапката.
A.M.
Н.Р., бизнис соработник и клиент, овластен ревизор – FCCA, основач и управител на ревизорска компанија: Професионалната соработка со адвокат Наташа Атанасовска ја започнавме во средината на 2017 година. Квалитетот на услугите кои што ги добиваме е исклучителен. На сите наши потреби и барања секогаш добивавме навремени и точни одговори. Адвокат Наташа во овие години покажа посветеност со должно внимание на сите наши барања, без оглед дали станува збор за прашање од областа на деловното право, облигационите односи, трудовото право или било која друга област. Искрено ја препорачуваме поради нејзините несомнени професионални способности, должното внимание и посветеноста на секое поставено прашање.
Н.Р
Б.Д., клиент од Скопје, основач и управител на фитнес студио: Како клиент на адвокатска канцеларија на Адвокат Наташа Атанасовска, можам да упатам само пофални зборови за нивната професионалност, достапност и брзина во пронаоѓање на квалитетни решенија за нашиот бизнис. Топла препорака за адвокатската канцеларија на адвокат Наташа Атанасовска.
Б.Д
K.K.П. соработник од Кавадарци, адвокат: Како колешка, адвокат Наташа Атанасовска е исклучително професионална и стручна особено во областа на деловното право. И покрај нејзиниот преполн распоред, секогаш е пријателски настроена и несебична со своето време за соработка, додека чесноста како нејзин личен квалитет секогаш придонесувала соработката со неа да се базира на доверба и да резултира со успешно завршени проекти.
K.K.П
М.С., клиент од Скопје, дигитален маркетинг: Во канцеларијата на адвокат Атанасовска секогаш ве очекува срдечен прием, професионална комуникација, брза и ефикасна услуга што резултира со задоволен клиент како мене.
М.С
И.М., клиент oд Скопје, основач и управител на градежна компанија: Со адвокат Наташа Атанасовска соработуваме околу 8 години и секогаш добиваме исклучително квалитетни совети, брзи и навремени одговори и соодветни решенија за нашите потреби, особено во областа на деловното право, интелектуалната сопственост и работните односи. Адвокат Наташа Атанасовска иако е релативно млада, сепак таа е многу амбициозна, исполнителна, песпективна и полна со знаење.
И.М
М.Л, соработник oд Скопје, адвокат: Наташа е моја колешка уште од правниот факултет и сега колешка како адвокат, но јас ја познавам и од средно училиште кога бевме вклучени во непрофитни организации за активности поврзани со млади. Тоа е долго време да познавате некого како се справува со своите рокови, како стекнува знаење и дали и колку е страствен за својата работа. Наташа е секогаш исполнителна во своите задачи, прави повеќе отколку што е потребно и тоа е она што ја прави одличен адвокат и колешка, која секогаш е на располагање за помош.
М.Л
L.D.S, клиент, компанија од ИТ областа, со основачи од Англија и Германија: Успешната соработка со Адвокатската канцеларија на Адвокат Наташа Атанасовска ја имаме уште од формирањето на нашата компанија во Македонија во 2018 година. Презадоволни сме од нејзината професионалност, посветеност, ефикасност и информираност. Поради тоа, сигурни сме дека нашата успешна соработка со неа ќе продолжи и во иднина.
L.D.S
Е.Т., клиент од Виена, лингвист, преведувач: Адвокатска канцеларија на Наташа Атанасовска ми даде правен совет во многу тешка ситуација за мене. Адвокат Атанасовска целосно одговори на сите мои прашања и даде корисни препораки и одлични решенија. Адвокат Атанасовска е многу компетентен адвокат и исто така, многу пријателска и позитивна личност. Силно ја препорачувам!
Е.Т
Д.Ѓ., клиент oд Велес, со деловни активности и во Скопје, основач и управител на повеќе компании од областа на големо и малопродажба на разни видови производи и алкохолни и безалкохолни пијалоци, од областа на транспорт и организирање транспорт, како и електронска трговија: Адвокат Наташа Атанасовска ја познавам уште од нејзините приправнички денови во адвокатурата. Низ повеќегодишната соработка и професионално, заедно растевме. Од секогаш сум бил поттикнат од нејзината посветеност, од односот кон клиентот и од завршената работа. Амбициозна е, но воедно и рационална; брза, но внимателна; исполнителна и темелна. Зад учтивоста и фрагилната појава, всушност се крие претставник на генерацијата млади адвокатски лавови. Таа е типична потврда дека “отровот“ секогаш се крие во мали шишенца!
Д.Ѓ
True, we [lawyers] build no bridges. We raise no towers. We construct no engines. We paint no pictures-unless as amateurs for our own principal amusement. There is little of all that we do which the eye of man can see. But we smooth out difficulties; we relieve stress; we correct mistakes; we take up other men’s burdens and by our efforts we make possible the peaceful life of men in a peaceful state.
John W. Davis




