Денеска 05.11.2020 година, стапи на сила Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој се намалува судската такса за постапка поведена од физичките лица во случај на вредност на спорот во висина од повеќе од 300.000,оо денари, односно:
- во случај на поднесување на тужба, противтужба и предлог за повторување на постапка, како и за одлуката во овие постапки, судската такса за вредност на спорот во висина од повеќе од 300.000,оо денари, ќе изнесува најмногу 6.000,оо денари;
- во случај на жалба и ревизија против пресуда и за жалба против решение во спорови поради смеќавање на владение и предавање во владение, судската такса за вредност на спорот во висина од повеќе од 300.000,оо денари, ќе изнесува најмногу 12.000,оо денари; и
- За тужба со предлог за издавање платен налог, за предлог за противизвршување, обезбедување на побарувања и за издавање времена мерка, за отказ на договор за закуп на деловна зграда или деловна просторија, за приговор против платен налог, за
приговор против решение за противизвршување или обезбедување, за одговор на жалба или одговор на ревизија, за приговор против неправилности при извршување според Законот за извршување, како и за судска одлука донесена по приговорот, судската такса за вредност на спорот во висина од повеќе од 300.000,оо денари, ќе изнесува најмногу 3.000,оо денари.
Во однос на постапките поведени од правните лица, судската такса останува непроменета, односно максималната судска такса во случај на поднесување на тужба, противтужба и предлог за повторување на постапка, како и за одлуката во овие постапки може да изнесува износ од 48.000,оо денари (48.000,оо денари се достигнува во случај на вредност на спорот од повеќе од 2.400.000,оо денари); во случај на жалба и ревизија против пресуда и за жалба против решение во спорови поради смеќавање на владение и предавање во владение, судската такса може да изнесува максимален износ од 96.000,оо денари (96.000,оо денари се достигнува во случај на вредност на спорот од повеќе од 2.400.000,оо денари); а во случај на тужба со предлог за издавање платен налог, за предлог за противизвршување, обезбедување на побарувања и за издавање времена мерка, за отказ на договор за закуп на деловна зграда или деловна просторија, за приговор против платен налог, за приговор против решение за противизвршување или обезбедување, за одговор на жалба или одговор на ревизија, за приговор против неправилности при извршување според Законот за извршување, како и за судска одлука донесена по приговорот, судската такса може да изнесува максимален износ од 24.000,оо денари (24.000,оо денари се достигнува во случај на вредност на спорот од повеќе од 2.400.000,оо денари).
Изменетиот дел од Законот за судските такси, сега ќе гласи на следниот начин:
„ТАКСЕНА ТАРИФА
I. ПАРНИЧНА ПОСТАПКА И ИЗВРШУВАЊЕ
Поднесоци
Тарифен број 1
1. За тужба, противтужба и за предлог за повторување на постапка според вредноста на спорот се плаќа следнава такса:
ВРЕДНОСТ НА СПОР ВО ДЕНАРИ
ПРЕКУ ДО ТАКСА ВО ДЕНАРИ
10.000 480
10.000 20.000 800
20.000 40.000 1.200
40.000 60.000 1.600
60.000 100.000 2.000
преку 100.000 уште 2% на секој започнат денар над 100.000 денари, а најмногу вкупно 48.000 денари за правни лица, односно 6000 денари за физички лица.“.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации и консултации во врска со објавеното, слободно контактирајте не тука.
Извор на објавени прописи: www.slvesnik.com.mk